Приведени се 13 млади луѓе, откако полицијата синоќа во Скопје упадна на две домашни журки на кои е констатирано дека не се почитувале мерките за заштита од Ковид-19.
Според МВР, синоќа околу 3 часот по полноќ, влегле во стан на улицата Рајко Жинзифов, каде имало гласна музика и не се почитувале мерките за заштита од вирусот. Со судски налог, полицијата извршил контрола во станот, сопственост на С.Г.(34) од Скопје, а освен тој на забавата имало уште седум присутни на возраст од 25 до 33 години. Сите се приведени..
Истовремено во стан на улицата Елисие Поповски Марко петмина 20-годишни лица правеле забава, по што и тие се приведени.
Против сите 13 ќе биде поднесена пријава за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.






