Грчката полиција со солзавец и водени топови растера толпа која вчера протестираше против обавезна вакцинација за коронавирус.
Околу 1.500 луѓе учествуваа на протест пред парламентот, по втор пат во рок од една недела откако минатата среда протестуираа повеќе од 5.000 луѓе.
Протестите беа предизвикани од владината одлука за задолжителна вакцинација на здравствените работници и вработените во домовите за стари лица. Владата предложи на есен да се вакцинираат и други групи, како што се наставниците.
Вчера властите регистрираа 3.000 нови случаи на Ковид-19, со што вкупниот број на луѓе инфицирани од пандемијата достигна 463 473, а повеќе од 12.800 луѓе починаа.







