Полицијата растури свадба со 200 луѓе во Арачиново

Полициски службеници интервенирале и синоќа околу 21 часот, прекинале свадбена веселба во угостителски објект во скопско Арачиново..



Во објектот биле затекнати околу 200 лица.

Во неделата полицијата прекина свадба и во скопското село Глумово.

Свадбите и други семејни веселби и собирања се забранети од почетокот на епидемијата на Ковид -19 во земјава, а за прекршителите на овие забрани ќе следуваат соодветни пријави.