По вчерашната забрана за протестот пред Владата за која организаторите имале добиено дозвола денеска МВР повторно ускрати уставно право на граѓани.
Полицијата денеска ја спречи најавената блокада на магистралниот пат Охрид-Струга.
“Протестот, блокадата беше уредно пријавена. Полицијата не остава да се блокира едната лента од магистралниот пат како што беше најавено, им стигнала наредба дека не смееме да блокираме”, објавија од движењето #бојкотирам.
Видеото со порака од #бојкотирам
https://twitter.com/1VidiVidi/status/1074384427231469568?s=19





