Полицијата на Спасовски 24 часа дневно го чува клубот на пријателот на Хитлер во Охрид (ВИДЕО)

Македонската полиција 24 часа во денот го чува клубот отворен во Охрид во чест на бугарскиот цар Борис трети.



Оваа информација откако лично ја проверил и видел дека полицајци од МВР на Спасовски се поставени пред клубот, ја објавува Богдан Илиевски алијас Бетмен Велит.

Во видеото објавено вечерва Илиевски вели дека вечерва полицајците го сочувале клубот посветен на пријателот на Хитлер но дека тоа не значи дека секогаш ќе биде така.

На интернет може да се најдат десетици фотографии од втората светска војна на која се гледа дека Борис Трети кого сега го слават Бугарите во земјава бил близок на лидерот на нацистичка Германија Адолф Хитлер поради кого во втората светска војна загинаа десетици милиони луѓе.

Видеото на Илиевски на линкот

https://www.facebook.com/ilievski/videos/1136880217228025/