Полицијата и Обвинителството ќе го истражуваат случајот со скандалозниот камп „Секс скаут и рок енд рол“

Полицијата го бара организаторот на скандалозното камп патување во кое малолетни средношколци требало да глумат сексуални активности под превезот на едукација. Заедно со обвинителството ќе испитуваат како е можно деца да учествуваат на настан каде имало сексуални настапи на рок песни, соблекување, глумење секс пози, бакнување. Скандалот го отвори „Слободен печат„ од каде тврдат дека младинскиот камп по наслов „Есенски бакнежи и прегратки, секс скаут и рок енд рол„ бил организиран од „Прв скопски извиднички одред“ . Пренесуваат потресно сведоштвио на еден родител на средношколка која после шокот, побарала помош од училишниот психолог.



Глумење секс пози во пар и со „клецање“ да се пукне надуван кондом. Игр семафор: За секоја погрешна буква соблекуваш парче облека, за да не ти се брои како негативен поен, низ цела планина шетаа машки деца само во долна облека. Боење гол дел од телото и оставање отпечаток на хамер. Секој учесник мора да остави различен дел од телото и не смее да се повторува, така што биле исфорсирани да остават впечаток од што поинтимен дел од телото – сведочи родителот.