Полицијата вечерва во Скопје го бара Беким Незири екс министер на ДУИ за нападот во МНАВ.
Полициски службеници вечерва на повеќе локации низ главниот град и во Тетово го бараат Беким Незири екс министер за економија од ДУИ кој сега е вработен во Македонска навигација.
Тој е осомничен дека го предводел и учествувал во нападот врз вработени во МНАВ каде биле тепани контролори на летање Албанци кои не се согласуваат со ДУИ.
Полициски извори тврдат дека Бекири не можел да биде најден на домашна адреса а полициските службеници не можат да влезат во партиското седиште на ДУИ во Чаир за каде постојат сомнежи дека се наоѓал Незири.
Полицијата вечерва добила информација дека Незири бил забележан во Мала Речица но нема потврда за тоа каде се наоѓа функционерот на ДУИ кој може да се соочи со обвинение за тероризам за влез и насилство во државна институција што може да го наруши целиот систем на летање на Европското небо.
За инцидентот е известено и скопското јавно обвинителство од каде сеуште анализираат дали упадот на насилниците на ДУИ може да се третира како тероризам.
Иницијалите кои попладнево ги објави МВР за луѓето кои го предизвикале инцидентот се идентични со името и презимето на шефот на Чаирскиот огранок на ДУИ.
Упадот и насилството на луѓето на Ахмети во М-НАВ е тероризам, тврдат правници





