Се работи на случајот и засега нема информации кои што би можеле да се споделат со јавноста, велат од полицијата за кражбата на 3,5 тони турбинско масло од кругот на ТЕЦ „Неготино“, која била забележана на 13 јули.
Засега нема конкретни информации што би можеле да се споделат со јавноста, изјавил за МИА Ристе Самарџиев, портпарол на СВР Велес.
„На 13 јули во 12 часот, од страна на лицето Н.A е пријавено дека во кругот на АД ТЕЦ Неготино, има кражба на турбинско масло, кое било складирано во резервоар и тоа по нивно интерно мерење, недостасуваат 3.500 литри турбинско масло“, соопшти тогаш велешката полиција.





