Голема полициска акција денеска се одвива во струшкиот регион, а како што нНеофицијално се дознава, станува збор за разбивање на мрежа која се занимава со продажба на дрога.
Меѓу лицата кои се приведуваат има и функционери.
Од МВР ја потврдија информацијата дека има има полициска акција, но без да појаснат за кои функционери станува збор. Повеќе детали најавуваат кога ќе заврши акцијата.
Телевизијата АЛСАТ М објави дека во операцијата во село Ливада и Струга се приведени неколку лица, а меѓу осомничените и директорот на затворот во Струга, Арменд Шаќири, кој се сомничи за злоупотреба на службената положба и поддржување на нелегалните активности. Меѓу осомничените е и еден инспектор, како и претходно осудувано лице за трговија со дрога со иницијали Р.К.




