Министерот за внатрешни работи на Србија, Небојша Стефановиќ, изјави дека полицијата е во зградата на српската Скупштина, за да спречи некој повторно да се обиде да ја запали зградата.



Полицијата е во зградата за да спречи крадење слики и мебел и да обезбеди сигурност за сите пратеници и на вработените во институцијата, соопштуваат српски медиуми.

Стефановиќ на „Твитер“ напиша дека полицијата во Собранието е со одобрение од генералниот секретар на парламентот“.

„Доколку некој планира да се упадне во државните институции, како што беше случај со зградата на РТС, тоа нема да биде можно“, вели Стефановиќ.

Тој додаде дека полицијата на територијата на Србија не запрела ниту еден автобус или комбе кои пренесуваат демонстранти кон  Белград и повика „да не се шират лажни вести“.

Пратеникот на Демократската странка (ДС) Балса Божовиќ, денеска им изјави на новинарите дека полицијата „ја окупирала зградата“ на парламентот.

Движењети „1 од 5 милиони“ денеска  одржува протест  српскиот парламент кој поминува без инциденти.

Според проценки на српското МВР на протестот има меѓу 7.300 и 7.500 учесници…