Полиција со калашникови во реонот на амбасадите и претседателската вила во Скопје (ФОТО)

Што се случува во главниот град прашува Инфомакс откако во редакција им пристигнала вознемирувачка фотографија и информација дека се врши претрес на секое возило кое се движи во правец од Водно кон црквата Св. Јован во Скопје.



Претресот го вршат повеќе полициски службеници вооружени со автоматско оружје Калашников, а граѓаните се преплашени.

Се претресуваат возила кои се движат од реонот во кој се сместени претседателската и премиерската вила, но и резиденцијата на американската амбасада, како и неколку други останата амбасади на големи западни држави, меѓу кои и украинската.

Улицата на која се врши претресот е Загребска населба Капиштец, на границата помеѓу оштина Центар и Карпош.