Синдикатот на полицијата денеска со почеток во 17:45 часот организира протест за како што велат враќање на професионализмот во полицијата и подобрување на условите на работа.
Дел од барањата на Синдикатот се: Тендер за сите видови на униформа во полицијата, стоп за незаконските распоредувања, додаток за борбата против коронавирусот, нов Колективен договор во МВР, професионалци на чело во МВР, стоп за мобингот, подобри услови и права за подобар живот, владеење на правото во МВР, стоп за пресметка со синдикалните претставници на СПМ, зголемување на платите во полицијата, признавање на СПМ во МВР.
Од СПМ ги повикуваат сите колеги да излезат на протестот и да дадат придонес во борбата за остварување на подобри услови и права во полицијата.






