Припадници на МВР маскирани со црни качулки попладнево околу 17 часот и триесет минути биле забележани пред селото Арачиново, информираат жители на селото кои се вознемирени од присуство на така маскирани полицајци.
Неколкуте полицајци стоеле покрај таканаречениот ,,Арачиновски пат” на околу еден километар од Арачиново во близина на бензинската пумпа на Лук Пол, велат очевидци кои тврдат дека поседуваат фотографии од маскираната полициска единица.
Полициската патрола со полицајци маскирани со качулки се појавува во близина на Арачиново една недела по инцидентот со заканите кон актуелниот градоначалник кој доби закани од членови на фамилијата Ајвази по што општината Арачиново неколку дена не беше отворена за граѓаните поради безбедносни причини.






