Седум полицајци задолжени за заштита на Капитол го тужат поранешниот американски претседател Доналд Трамп, наведувајќи дека, во договор со десничарските екстремистички групи, поттикнал смртоносен напад врз Конгресот на 6 јануари.
Ова е последна во серијата граѓански тужби, во кои се бара Трамп да одговара за настаните од 6 јануари, кога неговите поддржувачи упаднаа во Конгресот.
Четири лица починаа тој ден. Една жена беше застрелана од полицијата, а три други подоцна починаа.
Еден полицаец нападнат од демонстрантите починал ден по нападот. Четворица полицајци кои учествуваа во обезбедување на Конгресот подоцна си го одземаа животот.
Повеќе од 100 полицајци беа повредени.







