Новите крајпатни табли со Република Северна Македонија што беа поставени на граничните премини во средата, полиција ги чува 24 часа на ден. А
Полицајци позорникари 24 часа чуваат стража покрај таблите со новото име на граничните премини, како превентива да не бидат исшкртани, дознава СДК.
Неофицијално, полицајците имаат задача да стојат покрај новопоставените табли, за да спречат противниците на новото име на државата да не ги исшкртааат како што тоа било сторено на табли на „Пријателство“ кои биле испрскани со спреј.
Казната за чкртање, кражба и уништување на сообраќајни табли и друга опрема за физичко лице е 300 евра во денарска противвредност.





