Полицаец е застрелан во Велес, во близина на црквата „Свети Спас“м откако по пријава на граѓани, полицискиот службеник заедно со една колешка интервенирале против лица од ромската населба Ромина кои каделе чанти од верниците кои доаѓаат во црквата, јави ТВ24..
Настанала мешаница меѓу полицајците и еден од, наводно, осомничените за грабеж, по што насилникот успеал да го одземе пиштолот на полицаецот и со него да испука 5 куршуми во службеното лице. Четири од куршумите завршиле во стомакот, а еден во коленото на полицаецот.
Веста ја потврдија од СВР-Велес. Полицаецот е пренесен на скопските Клиники.
На излезот од Велес сите коли се запираат и се претресуваат.




