Двајца полицајци се повредени во инцидент во Косово Поле, еден од нив добивајќи повреди од шутирање додека се наоѓал на земја во масовна тепачка, јавува порталот „Љајми.нет“.
„Денеска околу 14 часот полицијата добила информации за напад врз службеници улицата ‘Пеќка’ во Косово Поле. На местото на настанот излегоа сите потребни полициски единици. Врз основа на првичните податоци, едно лице добило телесни повреди од огнено оружје, а во физичкиот судир телесни повреди добиле пет лица, од кои двајца полицајци“, соопшти полицијата, додавајќи дека сите се испратени на лекување.
Истражните органи одвеле двајца осомничени во полициска станица и во координација со косовскиот полициски инспекторат покренаа истрага заради разјаснување на сите околности поврзани со случајот.





