Од движењето #бојкотирам најавуваат дека денеска од МВР ќе биде побарано одделот за внатрешна контрола да го испита однесувањето на припадник на полицијата за време на упатувањето на камионот со опремата за протестот што требаше да се одржи во саботата.
Откако МВР камионот со опремата го упати на вонреден технички преглед еден од полицајците кој координира додека полицијата го упатува камионот на втор технички преглед го турка телефонот на активист на #бојкотирам кој при падот е оштетен.
Според правилата полицаецот не смеел да употреби насилство за спречување на снимање од страна на граѓани а активистот имал право да снима на јавен простор затоа што се работи за информација од јавен интерес.
Во видеото објавено на Твитер јасно се гледа целиот инцидент.
Физички нападнат активист на движењето #Бојкотирам од страна на дивите животињи на Проливер.#Апсаана северџани!!! ⛓️ pic.twitter.com/oSqYb6QbeX
— ︽☆︽ Чиз™ ︽☆︽ #АΨ (@C4i7Z) December 29, 2018
Што предходеше на инцидентот
МВР го спроведува камионот со опремата за протест на #Бојкотирам (ВИДЕО)





