Полицаец – најпосакувана професија

Вкупно 2.964 кандидати се пријавиле за полициски службеници на последниот јавен конкурс на МВР објавен во декември лани, на кој треба да се вработат 600 полицајци. Од пријавената бројка 2.365 се мажи, а 599 се жени, изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски кој денеска  го посети Центарот за обука во Идризово каде почна процесот на фазна селекција на кандидатите.



– Оваа бројка што  е далеку поголема од бројката на претходниот јавен  оглас кога имавме вкупно 2.391 пријавен кандидат доволно говори како за евидентниот интерес кај младата популација за полициската професија така и за позитивниот имиџ на Министерството меѓу оваа категорија граѓани, рече Спасовски.

(Независен)