Полициски службеник едвај спасил жива глава откако во охридската болница добил лекови со изминат рок, дознава expres.mk од извори во оваа медицинска установа.
Полицаецот од СВР Охрид завчера побарал медицинска помош во Охридската болница по силни болки во стомакот по што бил примен од дежурен лекар.
Но наместо да му биде подобро од ампуларната терапија која ја примил полицискиот службеник влегол во состојба на шок и драматично му се влошила состојбата.
Причината за тоа како што велат извори во охридската болница е ампуларната терапија која била со изминат рок повеќе од 3 месеци.
Полицискиот службеник го преживеал инцидентот но ги докуменирал лековите со изминат рок по што се очекува случајот да го преземе јавното обвинителство.
Лекарот кој ја дал терапијата а бил свесен дека се работи за лекови со изминат рок се соочува со две кривични дела за кои може да мине повеќе години в затвор.
Како е можно охридската болница да аплицира терапија со изминат рок засега никому не му е јасно.






