Полицаец близок на градоначалник снимен како запишува гласачи за поткуп (ВИДЕО)

Пред неколку дена во општината Шуто Оризари на ден 17.06.2020 се случило грубо прекршување на Законот за избори кога полициски службеник кој е во блиски релации со градоначалникот Курти Дудуш од СДСМ собирал податоци од лични карти на граѓани Роми.



Полицаецот на луѓето на кои им ги запишувал податоците од личните карти им ветувал “хуманитарен” пакет во вредност од 1700 денари а тие во замена да гласаат за кандидатката на СДСМ Љатифе Шиковска која е кандидат во Изборната Единица 2.

За да го видите преводот отворете го видеото.