Полесно до фотоволтаици на покрив

Се поедноставува процедурата за поставување на фотонапонски електроцентрали на објектите и тоа до 6 киловати за домаќинствата и до 40 киловати за компаниите.



Процедурата ќе биде без административни постапки и не е потребно издавање на одобрение/решение за градење од општините.

Инвеститорите се сега должни само да ја известат Општината и да ги достават потребните документи.

За правни лица ќе биде потребен извод од Централен регистар, а граѓаните треба да достават известување за поставување на фотонапонска електроцентрала кон кое ќе приложат: копија од лична карта, потоа имотен лист за објектот на кој се поставува и основен проект.

Доколку објектот не е во сопственост на инвеститорот, се доставува договор или согласност од сопственикот на објектот.

Истро така треба да се пшриложи основен проект за фотонапонска електроцентрала до 6 киловати за домаќинствата, односно до 40 киловати за компаниите.

Контролата дали се поставени фотоволтации како што е предвидено со проектот ќе ја вршат општинските инспектори

Со измените се предвидува посебна постапка за поставување на фотонапонски електроцентрали на објекти, без издавање на решение за поставување, од страна на потрошувачи-производители кои произведената електрична енергија ја користат за сопствена потрошувачка, а вишокот на произведената енергија го предаваат во електродистрибутивна мрежа.