Обвинителството за организиран криминал покрена обвинение за случајот „Моќник“ за кои се обвинети 13 лица меѓу кои и екс-пратеникот Антонио Милошоски, неговиот татко, екс претседателот на лустрациската комисија Томе Аџиев и 9 членови на оваа комисија.



Тие се товарат за измама, а Милошоски дополнително и за злоупотреба на службена положба.

Според обвинението тие ги довеле во заблуда советниците во општина Македонски брод за продажба на „поранешниот задружен дом“, а всушност изгласале отуѓување на зграда со површина од 157м2 и дворно место од 3.920 м2 в  Македонски Брод, која ја користела општина Пласница, велат од обвинителството.  

Со тоа, со продажбата на објектот и на земјиштето и нанеле штета на држвата и општината од  речиси 48 илјади евра, пресметале од обвинителството.