Откако ја остави нејзината фудбалска репрезентација без настап на Светското првенство во Катар по триумфот од 1:0 во полуфиналето од баражот во Палермо, Македонија ја запре Италија и во квалификациите за СП 2024, играјќи нерешено 3:3 во арената „Јане Сандански“ во Скопје.
Херој во македонските редови беше Крстевски, кој им донесе бод на „црвено-жолтите“ три секунди до крајот!
Двократниот европски шампион и двапати „бронзена“ селекција на мундијалите два пати имаше по два гола предност – 2:0 и 3:1, но избраниците на селекторот Васко Скендеровски не само што не се предадоа, туку стигнаа и до големо реми по почетниот пораз од 5:2 во Шведска.
Покрај Крстевски, по еднаш во листата на стрелците се запишаа и Рамадани, кога намали на 2:1 во првото полувреме, како и Петровиќ, кога погоди за 2:3.
Во следното коло на 1 март 2023 година е реваншот со „аѕурите“ на нивен терен.
Победникот во оваа конкуренција и четирите најдобри второпласирани тима од десетте квалификациски групи продолжуваат во елитната фаза.






