Не се само 3 и 49, освен Преамбулата ќе се менуваат и други 49 членови од уставот

Пратеникот и претседател на Комисија за прашања на изборите и именувањата во Собранието открива дека планот на Владата е да промени многу поголем број членови на уставот од тоа што беше најавено во јавноста каде што се зборуваше само за членовите 3 и 49.



„Како што е предложено во Предлогот за пристапување кон измена на Уставот на РМ, произлегува дека во Уставот на РМ ќе бидат променети ПРЕАМБУЛАТА и најмалку 51 членови на Уставот“, анализира Димовски кој пред неколку дена јасно стави до знаење дека нема да гласа за промени на уставот и ќе се држи до предизборните ветувања дадени на граѓаните за време на изборите во 2016 година.

Диммовски не откри кои 51 член од највисокиот правен акт ќе треба да се променат но ако се суди според начинот на кој што го објави бројот на членовите кои треба да се сменат тој нема намера да гласа за измени во највисокиот правен акт во државата.