Иницијативата “Сојуз за живот” најавува “СВЕДОШТВО ЗА СЕМЕЈСТВОТО” на денот кога во Скопје се организира и “Парада на гордоста” 29 јуни 2019 ќе одржи мирен марш меѓу две скопски цркви.
“Животот е плод на љубов, а љубовта е мирна, длабока и мудра! Љубовта разбира, не осудува, но е одговорна и ја сведочи вистината, таква, каква што таа е!
ЗАТОА ВО ИМЕ НА ЖИВОТОТ, ЉУБОВТА И ВИСТИНАТА
ВЕ покануваме на настанот „Сведоштво ЗА Семејството“, се вели во јавниот повик на иницијативата.
“Настанот има за цел преку заедничка семејна прошетка од просторот пред црквата „Св. Богородица“ (спроти Министерството за надворешни работи) до дворот на Соборниот храм „Св. Климент Охридски“ да ја засведочиме вистината за животодавното разбирање за тоа што е БРАК, СЕМЕЈСТВО, РОД, ПОЛ, вера, благослов, смисла, сопруг, сопруга, деца, внуци, баба, дедо, РАДОСТ!
Сведоштвото ЗА Семејството не е насочено против никого и ништо, НО одлучно застанува против можноста во македонското општество да се внедрува и озаконува L (лезбејки) G (хомосексуалци) B (бисексуалци) T (транссексуалци), односно LGBT пропагандата и Џендер идеологијата!
Особено е опасна џендер/ gender идеологијата затоа што таа се залага за формирање на флуиден/ менлив род кај поединецот! Поточно, во џендер/ gender идеологијата полот станува небитен, а се формира умислен флуиден род! Последиците и од LGBTIQ пропагандата и од џендер/ gender идеологијата се поразителни во државите и општествата кои дозволиле тие да пуштат корен и донесат болен плод!
Сведоштвото ЗА Семејството прави сериозна разлика помеѓу разните сексуални малцинства и нивните човекови права од структурите кои одработуваат за LGBTIQ пропагандата и џендер/ gender идеологијата! Всушност, на запад голем број бивши подржувачи на LGBTIQ пропагандата и џендер/ gender идеологијата отворено сведочат за скоро непоправливите последици од делувањето на овие модели за деформирање на човековата свесност, здравост, сексуалност и живот!
Доколку не сакате во македонското општество да се соочите со:
1. редефинирање на БРАКОТ од света, љубовна и животодавна заедница помеѓу МАЖ и ЖЕНА во заедница помеѓу ПАРТНЕР 1 и ПАРТНЕР;
2. внесување на идеологијата на флуидниот род од детските градинки до факултетите;
3. внедрување и озаконување на ЛГБТ пропагандата како нешто нормално и прифатливо;
4. посвојување на деца од истополови „бракови“
5. тотално негирање на Божјите и природните вистини и закони за животот, сексуалноста, БРАКОТ, СЕМЕЈСТОВО
ТОГАШ вашето место на 29 јуни 2019 година од 11 до 12 часот е пред црквата „Св. Богородица“ од каде ЗАЕДНО, СЕМЕЈНО ќе ја започнеме нашата прошетка што сведочи ЖИВОТ!
Настанот е ГРАЃАНСКО – ВЕРСКИ затоа што како граѓани на Македонија, но и како членови на нашите верски заедници (МПЦ – ОА, Римо – Католичка Црква во РМ, Евангелска Црква, ИВЗ…) заедно се здружуваме во СОЈУЗ ЗА ЖИВОТ!
Овој настан нема некоја цврста организациона структура ПА ЗАТОА ВЕ замолуваме да ни помогнете во ширењето на оваа инфромација и повикување на учесници на настанот „Сведоштво ЗА Семејството“!
За време на прошетката СТРОГО СЕ ЗАБРАНУВА употреба на говор на омраза и пројава на било кој вид на насилство или недолично однесување!!! Нашите редари бескомпромисно ќе спречат било каков обид да се наруши хармонијата на ЖИВОТОТ во делување!
ГОЛЕМА БЛАГОДАРНОСТ ОДНАПРЕД!
организатор: СОЈУЗ ЗА ЖИВОТ
Животот е плод на љубов, а љубовта е мирна, длабока и мудра! Љубовта разбира, не осудува, но е одговорна и ја сведочи вистината, таква, каква што таа е!”, пишува во информацијата на Сојузот за живот.




