Покрај од Русија, честитка за Денот на македонскиот јазик и од Словачка

На честитките за 5 Мај, Ден на македонскиот јазик, на Амбасадата на Русија во Македонија ѝ се приклучи и Амбасадата на Словачка во Велика Британија преку амбасадорот Љубомир Рехак, кој ѝ честита на македонската амбасадорка Александра Миовска.



„Честитки драга колешке Миовска за Денот на македонскиот јазик! Благодарам за претставувањето на убавината на вашиот јазик на Меѓународниот ден на мајчиниот јазик на ОН во Амбасадата на Словачка во Велика Британија во февруари, читајќи ја поемата ‘Вечност на корените’. Честит 5 Мај!“, објави Рехак на Твитер.

Честитките доаѓаат во време кога Бугарија го наметна откажувањето од македонскиот јазик како еден од условите за евроинтеграцијата на Македонија, а министерката за надворешни работи Екатерина Захариева го дефинира како западнобугарски дијалект со српски примеси.