Автомобилските марки Волга и Победа би можеле пак да се вратат на патиштата во Русија, изјави рускиот министер за индустрија и трговија Денис Мантуров.



„Можам да ги откријам плановите на нашата автомобилска индустрија. Како прво, веќе не е тајна дека ќе се произведува „Москвич“.

Колегите имаат планови да го оживеат брендот Волга или Победа или и двете“, изјави Мантуров во интервју за порталот РБК.

На почетокот на јуни поранешната фабрика на францускиот производител на автомобили Рено во Москва, Рено Русија, официјално беше преименувана во Москвич.

Планирано е компанијата во иднина да започне со производство на електрични автомобили под истото име.