Поранешниот полициски генерал и национален координатор за воени и полициски ветерани Стојанче Ангелов покажа дека знае да игра и шах, покрај да крши ќерамиди со глава.
„Неделен тренинг со најдобриот македонски боди билдер на сите времиња“, објави на Твитер лидерот на Достоинство и коалициски партнер на владејачкиот СДСМ на Зоран Заев како коментар на фотографијата од партијата шах во која ги влече белите фигури.





