Покрај евтина нафта, Индија купува и јаглен од Русија

По значителното зголемување на увозот на нафтата од Русија, Индија сака да купува и руски јаглен, пишува Си-Ен-Би-Си.



Индија ја зголеми побарувачката на јаглен во март на највисоко ниво во последните две години.

И покрај фактот што Западот почна да ги избегнува изворите на енергија, азискиот гигант го прави спротивното.

Индија и Кина може да го зголемат увозот на јаглен од Русија, со што ќе компензираат некои од последиците по официјалната одлука на ЕК за ембарго на увоз на овој енергенс од Русија што ќе стапи во сила во август.