Покана за уште една церемонија на примопредавање (СТАТУС НА ДЕНОТ)

Големиот и непотребен медиумски настан што владата и кабинетот на премиерот Заев го организираше за приемот на 4680 вакцини од Вучиќ предизвика негодување на социјалните мрежи поради обидот да се добијат ефтини пропагандни поени но и шеги на сметка на Владата.



Вообичаено една од најдуховитите шеги доаѓа од охриѓанецот Илче Затаракоски.

“Ги поканувам медиумите во 15 часот да ми се придружат на автобуската станица во Скопје за заедно да го проследиме примопредавањето на четирите тегли ајвар што ќе ми пристигнат од Охрид.

На церемонијата ќе говорат шоферот на автобусот, мојата маленкост и таксистот кој ќе го преземе транспортот.

Вратоврска задолжителна.

Ви благодарам”, пишува во духовитата покана на Затаракоски кој го критикува начинот на кој владата се обиде да води пропаганда.

“Поќе потрошивме за обезбедување на Оли и Заев и протокол, него шо вредет вакцините.

Ама добро, барем не нарачвиме по 5000 дози за ПР ко шо праеше Вучиќ”, пишува духивотиот Охриѓанец.

Линк

https://m.facebook.com/story.php?story_fbid=10223264824503315&id=1065498437