Растот на минималната плата од март в година ќе направи хаос во останатите плати, оти со најавеното покачување на 22.500 денари нема веднаш да се зголемат и другите плати, алармираат од Конфедерацијата на слободни синдикати, објави Алфа. Според Благоја Ралповски, мора да се почитува Колективниот договор и предупредува власта да покаже сериозност. Синдикатите од секогаш биле за процентуално, а не за линерно зголемување на платите.
- – Секогаш сме за процентуално, а не за линерано зголемување на платите. Минималнта плата ќе дојде над референтите и службениците кои ќе бидат омаловажени и на исто ниво со хигиеничарите, вели Ралповски во изјава за Алфа.

Ралповски вели дека министерството за труд и социјала мора да го почитува Законот, и да ги усогласи платите согласно член 8, каде пишува дека треба да има усогласување. Капак на се е инфлација, која на големо им ги јаде платите на работниците. И поркај ова зголемување – минималецот ќе вреди помалку од лани.
Претходно, за повисоки плати на работниците, треба да се скратат пензиите и студентските оброци, рече вицепремиерот Фатми Битиќи. Тоа според синдикатите е лош потег, и не смее да биде така.





