Во изминатите 25 дена, попишани се 1 832 696 лица, 568 175 домаќинствсa и 837 255 станови.



Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски, синоќа по официјални крај на пописот, објави дека тој бил успешен.

„Од опфатените објекти за живеење, 91 процент беа предмет на попис, а девет проценти се објекти кои не се предмет на попис (деловни згради, хотели). Сите објекти кои беа предмет на попис беа посетени по неколку пати.

Онаму каде и по неколкукратните обиди не се оствари контакт со граѓаните, беа повикани во седиштата на општините да се попишат. Оние кои и тоа не успеаја да го направат, сепак ќе бидат дел од пописот, бидејќи се очекува да ги има во некои од базите кои ќе се користат при обработката на податоците“, рече Симовски.