Ивајло Дичев, професор по културна антропологија на Универзитетот „Климент Охридски“ во Софија и предавач на универзитети во САД и во Франција, реагира на бугарскиот меморандум со осуда за уцената за македонската евроинтеграција.
„Што прават нашите властодршци кога ќе се најдат во тесно? Уриваат некоја ромска колиба. Им објавуваат света војна на родовите кои самите си ги измислуваат. Политизираат светски кризи како оваа со коронавирусот. И, се разбира, ги рекреираат историските војни за Македонија. Не знам како не им се смачи тој евергрин на патриотските гласачи, но во секој случај тој се уште е актуелен и ќе го оттргне малку вниманието на медиумите од неуморните протести на бугарскиот Мејдан.
Во меморандумот, испратен до земјите-членки на ЕУ, нашата влада открива кај југозападниот сосед подмолна „антибугарска идеологија“. Основното обвинување е тоа дека Северна Македонија воопшто постои – и доколку таа нова нација упорно одбива да се самоукине – тоа нашите го сметаат за акт на агресија“, заклучува Дичев во коментар за „Дојче веле“ на македонски јазик.
„Од чисто логична гледна точка, делува апсурдно Бугарија да потпишува договори со партнер чие постоење го негира; брзањето на времето беше да ги оттргнеме од српските империјалисти, арно ама, сакале или не, ги признавме“, констатира еден од ретките интелектуалци кај источниот сосед со поинаков став за „македонското прашање“ од тој на официјалната бугарска политика.
Целиот коментар на Дичев за најновиот бугарски ултиматум за Македонија на линкот.






