Телото на 35-годишниот Константинос Кацифас, кој беше убиен во престрелка со албанската полиција (RENEA) минатата недела, утре ќе му биде вратено на семејството.



Грчки медиуми предупредуваат дека во Албанија се очекува да патуваат повеќе од 2.000 луѓе за да присуствуваат на неговиот погреб во селото Буларат, на југот на Албанија или Северен Епир како се нарекува во Грција.

„Над илјада жители на северен Епир се подготвуваат да одат во Буларат на погребот на Кацифас, кој се очекува да се претвори протест, по влошената клима со грчкото малцинство во Албанија“ пишува приштинска „Газета експрес“.

Атински „Катимерини“ оценува дека постои ризик грчко-албанските односи да се вратат 10 години назад поради овој настан “.

Константинос Кацифас беше убиен пред 8 дена кога стрелал во полицијата откако поставил грчко знаме на гробиштата на загинати грчки војници од Втората светска војна.

Албанската полиција уби Грк, Атина бара објаснување