Во напад на украинската армија врз комплекс во градот Макиивка, кој е под руска контрола, наводно биле убиени десетици неодамна мобилизирани војници испратени од Москва.
Украинската воена команда објави дека до 400 руски војници загинале во инцидентот во Макиивка, град во регионот на Доњецк..
Проруските власти доцна синоќа признаа дека има жртви.
Украинските власти споделија видео на кое се прикажани урнатините на училиштето во кое биле стационирани руски војници.
Руското Министерство за одбрана соопшти дека 63 војници загинале во украински ракетен напад врз нивното привремено сместување.
Министерството соопшти дека Украина истрелала вкупно шест проектили ХИМАРС, од кои два биле соборени од руски системи за противвоздушна одбрана.






