„Зошто ја погледна мојата сопруга при чекирањето? – била реченицата која довела до масовната тепачка во која две лица се повредени вчера на аеродромот „Адем Јашари“ во Приштина.
Како што пренесува indeksonline.net, причина за тепачката е тоа што некој погледнал во нечија сопруга при чекирањето.
На двете лица им била укажана лекарска помош, потврди портпаролката на полицијата Флора Ахмети.
Полицијата соопшти дека седум лица осомничени кои биле вмешани во инцидентот се приведени во полициската станица во Липјан.
ВИДЕО на ЛИНКОТ






