Погба позитивен на Ковид-19, нема да игра за Франција

Пол Погба од Манчестер јунајтед и Танги Ндомбеле од Тотенхем се позитивни на корона вирусот и нема да играат за Франција во мечевите од Лигата на нации на УЕФА, потврди францускиот селектор Дидие Дешам.



Поради ова 27-годишниот Погба мора да помине 14 дена во изолација и ќе ги пропушти подготовките на Манчестер јунајтед кои требаа да почнат следната недела, иако би требало да биде достапен за првиот меч од сезоната против Кристал палас на 19 септември.

Според Јунајтед тој нема симптоми.

TopSport.mk