Кипарскиот претседател Никос Анастасијадис го пофали грчкиот премиер Алексис Ципрас за неговата „смелост и решителност“ во ставањето крај на тоа што тој го нарече „непотребен“ судир со Македонија околу нејзиното име.
По денешните разговори со Ципрас во Никозија шефот на кипарската држава истакна дека завршувањето на речиси тридеценискиот спор ги зајакнува регионалниот мир и безбедност и го отвора патот за поблиска економска соработка со Македонија.
Ципрас од своја страна изјави дека Преспански договор, со кој северниот сосед се преименува во Северна Македонија, а за возврат Грција ја симнува блокадата за членство во НАТО и евентуално во Европска унија, го зајакнува нејзиниот кредибилитет во меѓународната јавност. Тој ѝ овозможува на Грција да се фати во костец со други големи прашања со зголемена меѓународна поддршка, додаде претседателот на грчката Влада.





