Македонски корисник на Тик Ток подготвил видео за еден од најголемите македонски брендови, познатите гумени влечки од Чик Куманово.
Сега делува како шега но овие влечки во екс Југославија се продаваа во милиони парчиња а луѓето од фабриката која ги произведуваше убаво живеаа од нивното производство.
Сега Македонија нема ни приближно сличен бренд како познатите влечки кои ги носел и еден Роналдо.
Фабриката за чевли од Куманово ЧИК била најуспешната фирма кога бил во прашање извозот на производите на странските пазари.
Во првите девет месеци од 1967 година фабриката во странство извезла 61,9 отсто од своето вкупно производство. Поточно, над 620.000 пара чевли во вредност од 3,5 милиони тогашни стари динари.
Производите биле извезувани во 12 странски земји: Советски сојуз, Чехословачка, Источна Германија, Бугарија, Полска, Западна Германија, Шведска, Холандија, Франција, Англија, Канада и Австралија.
До крајот на годината вредноста на извозот надминала 74 отсто од целокупното годишно производство. Во структурата на извозот западните земји влегувале со 56, а источните со 44 отсто од вредноста на извозот.
Успехот на ЧИК не бил случаен. Уште со стартот колективот имал јасна ориентација за обезбедување пласман на своите производи на странските пазари, меѓу другото, и поради тоа што југословенското производство на чевли било за 50 отсто поголемо од потребите.
Затоа колективот пристапил кон разработка на странските пазари. Резултатите потврдиле дека во тоа се успеало. Во тој прилог оди и фактот за зголемување на извозот, во 1966 година извозот бил 50 отсто од производството.
Видеото во линкот
https://www.facebook.com/reel/1512369175939613?s=yWDuG2&fs=e&mibextid=Nif5oz







