Поевтинување на основните прехрамбени производи има, ама во розовите очила на власта

Поевтинување на основните прехрамбени производи има, ама само во розовите очила на власта. На терен – се е по старо. Граѓаните велат дека ниту лебот, ниту млекото, не бележат поевтинување. Она што го гледаат се и натаму високите цени на основните прехрамбени производи кои остануваат непроменети. Граѓаните се жалат дека не било фер Владата да се фали со нешто, што сите знаат дека нее така, и бараат од институциите да покажат сериозност.



Иако Владата се пофали дека имало поевтинување, тоа за жак нее така, реагираат граѓаните, во надеж дека наредниот период, можно е да има благо намалување на цените.

Според последните пресметки на државната статистика, ноемвриската инфлација се искачи на 19,5%. Лебот, млекото, сирењето и јајцата се поскапи за 40% за разлика од лани, а месото и маслото поскапеле за над 30%.

Дека нема никакво поевтинување забележа и камерата на Алфа. Направивме обиколка во дел од поголемите маркети, и на полиците немаше никакво поевтинување на основните производи, дури имаше и поскапување кај дел од млечните производи. Млекото е околу 80 денари за литар, лебот и брашното се над 50 денари, а литар масло околу 115 денари.

За да се закрпи еден месец, од Синдикатот пресмета дека на едно просечно семејство во ноември потребни му биле најмалку 850 евра. За разлика од лани истиот месец, синдикалната кошничка се полнела со 550 евра, што значи дека за само една година живеачката поскапела за над 50%.