Ништо од поевтинувањето на прехранбените производи за 10%. Иако власта се пофали дека имало намалување на цените, во поголемите супермаркети се е по старо. Граѓаните велат дека ниту лебот, ниту млекото, не бележат поевтинување. Она што го гледаат се и натаму високите цени на основните прехрамбени производи кои остануваат речиси непроменети. Граѓаните се жалат дека било крајно некоректно Владата да се фали со нешто, што сите знаат дека нее така, и бараат од институциите да покажат сериозност.

Дека нема никакво поевтинување забележа и камерата на Алфа. Доволно е да се направи обиколка во дел од поголемите маркети, и да се види дека на полиците нема никакво поевтинување на основните производи, дури имаше и поскапување кај дел од млечните производи. Млекото и натаму е над 80 денари за литар, лебот и брашното се околу 50 денари, а литар масло околу 115 денари. Ниту овошјето, ниту зеленчукот не бележат никакво намалување на цените.
Stand up: Иако Владата се пофали дека имало поевтинување, тоа на терен сепак нее баш така, реагираат граѓаните, во надеж дека тоа ќе се случи наредниот период за колку толку да почувствуваат подобрување на живеачката.

Иако добија поевтина струја, намалување немаше ниту кај месото. Од месната индустрија рекоа дека не треба да се очекуваат поголеми поевтинувања на производите од сегашните, зашто нивните месни преработки во просек поевтиниле за 8%. Трошоците за суровини и работна рака биле превисоки, па натамошни намалувања на цените засега не биле можни.
Во изминатиот период властите неколкупати најавија дека цените ќе се намалат и граѓаните ќе се растеретат од високи трошоци, поради субвенционираната струја. Цените во меѓувреме паднаа, но минимално, за еден до два денари, односно незначително. Иако очекувањата на власта беа дека измината година ќе ја завршиме со 12,9% инфлација, пресметките на Статистика го покажаа спротивното. Па така, Македонија 2022 ја заврши со висока стапка на инфлација од 14,2%.





