Поднесено барање за импичмент за Бајден

Републиканската конгресменка Марџори Тејлор Грин поднесе три резолуции до американскиот Конгрес за импичмент на американскиот претседател Џо Бајден.



Таквиот потег е, меѓу другото, последица на ситуацијата во Авганистан. Во резолуциите, конгресменката го обвинува Бајден за „занемарување на должноста“ затоа што не успеал „да обезбеди повлекување на илјадници американски цивили и авганистански сојузници“ кога Талибанците ја преземаа власта во Авганистан, дека тој ги „вооружил непријателите” оставајќи ја американската воена опрема во Авганистан, пренесува „Фокс њуз“.

„За само седум месеци, Џо Бајден предизвика Америка да ја изгуби почитта во целиот свет. Доказите се јасни и неговите потези се толку нечуени што мора да биде отповикан”, рече Грин.