Поднесена интерпелација за вицепремиерот Никола Димитров

Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Обнова на Македонија, поднесоа интерпелација за работата на вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров.



Димитров треба да замине од функцијата поради игнорирање на парламентот, откако не дојде на Комисијата за надворечна политика, каде што требаше да ги образложи владините политики за спорот со Бугарија по изјавите дека сите спорови се решени и дека земјата ќе ги почне преговорите со ЕУ, образложи пратеникот Антонијо Милошоски.

Втора причина, според Милошоски, е тоа што Димитров неколку пати манипулирал со јавноста, изјавувајќи дека се решни споровите со сите соседи, и затоа земјата добила датум за почеток на преговорите.

„За жал, освен двегодишна неизвесност, проследена со чести национални понижувања од страна на соседна Бугарија кои се однесуваа на многу чувствителни теми за македонскиот народ и за македонскиот јазик, ветувањата и уверувањата на членот на владата Никола Димитров за безусловен почеток на преговорите останаа само празни зборови, со што и оваа 2020 година завршува со неуспех и разочарување на планот на европските интеграции, што е негов ресор во владата”, рече Милошоски.