Поднесен предлог да нема пратеници со двојно државјанство

ВМРО-ДПМНЕ поднесе предлог за измени и дополнувања на Законот за пратениците, со кој сите народни избраници би смееле да имаат само македонско државјанство, објави Фактор.



На предлог законот кој стигна во Собранието и за кој се предлага да се носи по скратена постапка, се потпишани најголемиот број од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ.

Доколку се изгласа, законот ќе важи не само за некои идните пратеници, туку и за сегашните, бидејќи би требало да влезе во сила 30 дена по објавувањето во Службен весник.

И владејачката СДСМ се изјасни дека за нив вакво законско решение е прифатливо, и не само тоа, туку и дека тие сметаат дека треба да почне да важи уште за пратениците од овој собраниски состав.

Доколку за овој предлог закон гласаат и ВМРО-ДПМНЕ, тој без проблем би можел да се донесе, бидејќи за него не е потребно да се почитува принципот на Бадентер, изјави координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски за Фактор.

„Доколку се согласуваат со овој закон како што велат, бујрум, нека повелат да ја стават точката на дневен ред и тој може да биде изгласан по скратена постапка“, вели Мицевски.

Двојно државјанство не може да имаат ни амбасадори