Претставничкиот дом на САД го одобри предлог -законот што го усвои Сенатот за привремено зголемување на „плафонот“ на државниот долг до почетокот на декември, за да се спречи евентуално неисполнување на обврските, што би имало катастрофални последици, објави Си -Ен -Ен.
Документот треба да биде потпишан од претседателот Џо Бајден за да стапи на сила.
„Плафонот“ на долгот сега изнесува 28,9 билиони долари.
Сите 219 конгресмени од Демократската партија гласаа за законот, а сите 206 републиканци гласаа против.







