Викендов во Битола ВМРО-ДПМНЕ го прославуваше 31. роденден од формирањето на општинскиот комитет, при што лидерот Христијан Мицковски пред присутните членови и симпатизери истакна профилирањето на кандидатите за градоначалник е влезено во финална фаза.
Извори блиски до локалното раководство брифираат за тоа дека изборот е сведен на најмногу три имиња, при што интенцијата е да се одбере млад енергичен лик кој би можел да направи соединување на традиционалното гласачко тело со гласовите на неопределените или оние гласачи кои секој изборен циклус гласаат по сопствено убедување и немаат јасно потенцирана партиска припадност.
Се напоменува дека кандидатите се високо почитувани во својата фела и високо котираат во градското јадро кое е клучно за победа.
Се додава и дека најверојатно по објавувањето на првите кандидати за градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ кои доаѓаат од лекарската фела “Градот на конзулите” можеби нема да го следи истиот пример.
Истите подвлекуваат дека победата во Битола е се поизвесна благодарение на катастрофалното работење од страна на актуелната локална власт предводена од Градоначалничката Наташа Петровска.
Дополнително на СДСМ во Битола работите им ги копликува ново создадената коалиција ЛДП-ДОМ и најавите на Горан Милевски дека ќе трчаат самостојно на овие локални избори со сопствени листи и кандидати за градоначалници, а токму Битола претставува бастион на ЛДП во Македонија.





