Албанскиот претседател Илир Мета, денеска ќе допатува во Подгорица во втора официјална посета во само шест месеци.
Покрај официјалната средба со домаќинот Мило Ѓукановиќ, Мета ќе се состане со претставниците на албанските партии во Црна Гора.
„Кога ќе се погледне Подгорица, преплавена со албански знамиња, се добива впечаток дека планот на албанскиот премиер Еди Рама за укинување на заедничката граница со Црна Гора е остварен“, пишува црногорскиот портал ИН4С.
Еди Рама во новогодишнава порака рече дека отворањето на границата со Косово е само почеток: „Верувам дека на пролет границата меѓу Албанија и Косово ќе биде според критериумите на Шенгенскиот договор. Во блиска иднина очекуваме по истиот принцип и модификација на границите со Македонија, со Црна Гора и со Грција“, порача Рама.




