Стотици пара чевли и натпис 2.231 осамнаа пред зградите во кои се наоѓаат дел од министерствата во црногорската влада во Подгорица.
Бројката се однесува на бројот на починати од коронавирус во Црна Гора од почетокот на епидемијата, а настапот беше организиран откако Владата одлучи да го забрани славењето на Нова година и другите манифестации и концерти на отворено, поради влошените епидемиолошки ситуација.
Оставени се и пораките „Оставка“ и „Доста е од вашите непрофесионални мерки“, а организаторите на овој перформанс ја нарекуваат Јелена Боровиќ Бојовиќ „министер за смрт“.







