Украинските власти поделија десетици илјади парчиња автоматско оружје на населението за да учествува во отпорот против Русија, изјави министерот за внатрешни работи Денис Монастирски, цитиран од „Укринформ“



„Секој граѓанин на Украина може да се пријави во полицискиот оддел, да докаже дека навистина работи за одбрана на Украина, дека е во редовите на територијалната одбрана, во доброволните формации на територијалните заедници и да добие соодветно оружје.

„Веќе дистрибуиравме десетици илјади автомати низ целата земја“, рече Монастирски. Министерот за внатрешни работи додаде дека ќе продолжи со дистрибуција на оружје на населението, вклучително и во областите што граничат со Белорусија.